Одделот за комуникации на претседателството сподели видео по повод 30 август Празникот на победата

Одделот за комуникации на претседателството сподели видео по повод 30 август Празникот на победата во кое им се одделува место на историски снимки како турската армија на чело со Мустафа Кемал Ататурк ја ослободува Анадолија од окупацијата на непријателот

1699640
Одделот за комуникации на претседателството сподели видео по повод 30 август Празникот на победата

Одделот за комуникации на претседателството, 99-годишнината од 30 август Празникот на победата го одбележа со подготвено видео.

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун видеото го сподели на своите профили преку социјалната медија кадешто го напиша следното: „Со милост и благодарност до сите наши јунаци на чело со Гази Мустафа Кемал Ататурк кои пред 99 години му покажаа на целиот свет дека Турција не може да се премине. Нека ни е честит 30 август Празникот на победата.“

Во видеото во времетраење од 5 минути 43 секунди подготвено под насловот „Честит 30 август Празникот на победата“ со историски снимки се раскажува како турската армија на чело со Мустафа Кемал Ататурк ја ослободува Анадолија од окупацијата на непријателот.

Во видеото се вели следното: „Со оваа победа се поставени темелите на Република Турција. Нашите јуначки шехиди и газии кои за одбрана на овие територии без двоумење ниту за момент ги жртвуваа своите животи, ни ја оставија во аманет оваа татковина. Турскиот народ кој и денеска стои цврсто исправен со иста верба и со иста сила, продолжува да е апсолутниот бранител и чувар на нашата независност. Честит 30 август Празникот на победата.“

 



Слични вести