Ердоган учествуваше на поставувањето на камен-темелникот на проектот „Полумесечина ѕвезда“

Претседателот Ердоган истакна дека со проектот „Полумесечина ѕвезда“ ќе бидат сместени на исто место на едно место комплетниот одбранбен и воено-команден естаблишмент на Турција

1699750
Ердоган учествуваше на поставувањето на камен-темелникот на проектот „Полумесечина ѕвезда“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Анкара присуствуваше на церемонијата на поставување на камен-темелникот на проектот „Полумесечина ѕвезда“, односно комплексот во кој ќе бидат сместени  на исто место комплетниот одбранбен и воено-команден естаблишмент на Турција.

Во говорот што го одржа овде, претседателот Ердоган истакна дека со проектот „Полумесечина ѕвезда“ ќе бидат сместени на исто место Министерството за национаонална одбрана, Генералштабот и сите команди на родовите.

Ердоган појасни дека се гради голем комплекс кадешто ќе биде сместено раководството на одбраната и војската и со својата импозантност ќе влева страв кај непријатели, а доверба кај пријателите и дека ќе се располага со централен и заеднички одбранбен систем.

„Со развојот на Турција растат и нејзините одбранбени потреби и стана неопходно сите единици на одбраната да бидат под еден покрив и координирано да дејствуваат во модерен инфраструктурен амбиент. Сега ни треба центар од кој ќе ги координираме инвестициите, трошоците и потребите на одбраната и така на светот ќе му испратиме силна порака. Сметаме дека ни прилега таков комплекс во период кога се говори за сложена киберодбрана.“ - рече претседателот Ердоган.

Нагласувајќи дека Турција во минатото доживуваше тешкотии коишто произлегуваа од нејзината зависност во одбранбената индустрија од надвор, Ердоган рече: „Имавме војска, имавме срце, имавме сила, но така да се каже немавме доволно оружје. Немавме доволно муниција. Немавме средства за да ги обезбедиме нашите потреби. Мировната операција на Кипар (1974) беше добар чекор и од аспект на тоа што стана повод да ја видиме оваа вистина.“

Претседателот Ердоган подвлече дека поради истите тешкотии Турција претрпе тешки загуби во првиот период од процесот во борбата против тероризмот којшто продолжува речиси 40 години.

„Сега имаме наоружани и ненаоружани беспилотни летала. Сега имаме и офанзивно беспилотно летало (ТИХА). Заедно со тоа во наредниот процес веќе започнавме со извоз во одбранбената индустрија. Веќе нема да велиме 'што ќе ни дадете-продадете'. Веќе ќе велиме 'што ќе земете-купите од нас'. Затоа дојдовме во положба да произведуваме самите сѐ до сите видови бомби.“ - рече Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно информира дека комплексот „Полумесечина ѕвезда“ ќе биде свечено отворен на 19 мај 2023 година, на одбележувањето на 100-годишнината од формирањето на Република Турција.

 

 



Слични вести