Чавушоглу: Веќе не станува збор Турција да поднесе дополнителен мигрантски товар

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Ние како Турција ги исполнивме доволно нашите морални и човечки (хумани) одговорности по прашањето на миграцијата. Веќе не станува збор да поднесеме дополнителен мигрантски товар.“

1699369
Чавушоглу: Веќе не станува збор Турција да поднесе дополнителен мигрантски товар

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера во Анкара се состана со германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас кој допатува во официјална посета на Турција.

По средбата лице в лице двајцата шефови на дипломатии, Чавушоглу и Мас, одржаа заедничка прес-конференција.

Овде, министерот Мевлут Чавушоглу рече: „Ние како Турција ги исполнивме доволно нашите морални и човечки (хумани) одговорности по прашањето на миграцијата. Веќе не станува збор да поднесеме дополнителен мигрантски товар.“

Во врска со тврдењата околу тоа дека авганистанските мигранти ќе бидат држени во Турција, Чавушоглу го истакна следното: „Таква понуда не е доставена до нас ниту од Германија, ниту од одредена друга земја.“

Велејќи дека човечката криза во Авганистан достигна до загрижувачки димензии, Чавушоглу појасни дека повеќе од половината од населението на оваа земја има потреба од итна хуманитарна помош.

Чавушоглу укажа дека приближно 10 милиони деца во регионот се соочуваат со опасност од суша, глад и заразни болести, а воедно нагласи дека меѓународната заедница треба да ја зголеми хуманитарната помош на Авганистан.

Појаснувајќи дека во Авганистан се раселени 3,5 милиони луѓе, министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу го додаде следното: „Мигрантскиот бран од Авганистан, доколку достигне до димензија на криза не само на регионалните земји ќе влијае на сите, вклучувајќи ја и Европа. Не се извлечени лекции од сириската криза. Треба да развиваме заеднички решенија по ова прашање за кое што разговаравме пред малку. Ние како Турција доволно ги исполнивме нашите морални и човечки (хумани) одговорности по прашањето на миграцијата. Веќе не станува збор да поднесеме дополнителен мигрантски товар.“

Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас пак, го рече следното: „Турција со нејзините активности на аеродромот во Кабул дава значаен придонес за евакуациите.“

 



Слични вести