Портпаролот на Талибан Забинулах Муџахид: Сакаме да продолжи помошта на Турција на Авганистан

Портпаролот на Талибан Забинулах Муџахид и претседател на Комисијата за култура изјави за новинската Агенција Анадолија „АА“ дека сакаат да продолжи помошта на Турција на Авганистан и да воспостават многу добри односи со Турција

1699370
Портпаролот на Талибан Забинулах Муџахид: Сакаме да продолжи помошта на Турција на Авганистан

Портпаролот на Талибан и претседател на Комисијата за култура Забинулах Муџахид во дадената изјава за новинската Агенција Анадолија „АА“ истакна дека сакаат да продолжи помошта на Турција на Авганистан и да воспостават многу добри односи со Турција.

Тој рече: „Турскиот народ и турската држава се наши пријатели. Постојат многу голем број причини за продолжување на ова наше пријателство.“

Велејќи дека за воспоставување на безбедноста на аеродромот во Кабул се задолжени специјалните сили на Талибан, Муџахид истакна дека додека се воспоставува безбедноста на територијата на цел Авганистан и во главниот град Кабул нема да биде тешко да се воспостави безбедноста и на аеродромот.

По прашањето на логистичките и техничките потреби на Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул, портпаролот на Талибан го рече следното: „Разговаравме со Турција, дадовме гаранција по прашањето на тоа дека нема да постои безбедносен проблем. Откако целосно ќе го заземеме аеродромот ќе ги утврдиме потребите. Ако затреба тие потреби ќе ги побараме од Турција или од друга земја.“

Посакувајќи да продолжи поддршката на Турција на Авганистан, портпаролот на Талибан и претседател на Комисијата за култура Забинулах Муџахид го истакна следното: „Сакаме да воспоставиме односи со Турција и во сферата на економијата. Исто како и претходно имаме потреба од поддршката на Турција и во сферата на образованието. Сакаме да продолжи помошта по ова прашање. Од турскиот народ и од турската држава сакаме да ги продолжат пријателските односи. Бидејќи, помеѓу авганистанскиот и турскиот народ постојат длабоки историски односи.“  

Талибан кој на 15 август го зеде под опсада главниот град Кабул по напуштањето на претседателот Ешреф Гани на земјата, го зазеде градот без судир.

 

 


 

TRT/AA/TUĞBA



Слични вести