Ердоган разговараше со спортистите кои освоија медали на Параолимписките игри Токио 2020

Претседателот Ердоган разговараше преку телефон со турските спортисти Али Озтурк, Несим Туран и Ќубра Коркут кои на Параолимписките игри Токио 2020 освоија бронзени медали

1699168
Ердоган разговараше со спортистите кои освоија медали на Параолимписките игри Токио 2020

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган им честита на спортистите репрезентативци кои освоија медали на Параолимписките игри Токио 2020.

Претседателот Ердоган со посредство на министерот за младина и спорт Мехмет Мухарррем Касапоглу кој се наоѓа во главниот град на Јапонија, Токио, разговараше преку телефон со турските спортисти Али Озтурк, Несим Туран и Ќубра Коркут кои освоија бронзени медали.

Ердоган ги испрати своите поздрави и до другите спортисти Реџеп Чифтчи, Зејнеп Челик и Бесра Думан кои исто така освоија бронзени медали но не се наоѓаа таму за време на остварувањето на телефонскиот разговор.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Ви честитам. Вашите успеси не израдуваа и тоа колку многу.“

Спортистите репрезентативци кои учествуваат на Параолимписките игри Токио 2020 исто така му се заблагодарија на претседателот Ердоган за поддршката.



Слични вести