Ердоган: Авганистан треба што поскоро да се опорави, ние сме спремни да ја дадеме секој вид поддршка

Претседателот Ердоган на враќање од посетите на Босна и Херцеговина и Црна Гора рече: „Авганистан треба што поскоро да се оправи, ние сме спремни да ја дадеме секој вид поддршка“

1699236
Ердоган: Авганистан треба што поскоро да се опорави, ние сме спремни да ја дадеме секој вид поддршка

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во авионот на враќање од остварените посети на Босна и Херцеговина (27 август, петок) и Црна Гора (28 август, сабота) даде изјави за претставниците на печатот.

Осврнувајќи се на случувањата во Авганистан, претседателот Ердоган истакна дека треба да се следи со внимателност процесот во оваа земја и појасни дека Турција е спремна да ја даде секој вид поддршка за што поскоро опоравување на Авганистан.

Тој рече: „Авганистан треба што побрзо да се оправи, ние сме спремни да ја дадеме секој вид поддршка. Како прво апсолутно ќе го видиме тоа каков е ставот на Талибан во точката да стане држава или да управува со државата.“

Претседателот Ердоган потсети дека Турција 20 години му ја даде секој вид поддршка, во инфраструктурата и супструктурата на Авганистан и го рече следното: „Нашата желба како Турција е следната; Авганистан набрзина треба да се опорави. Авганистанскиот народ веќе не може да го поднесе овој товар. Ние сме спремни да му ја дадеме секој вид поддршка на единството, заедништвото на Авганистан. Доволно е истиот приод во таа смисла да го видиме и од страна на Авганистан.“

Во врска со работата на Амбасадата на Турција во Кабул, претседателот Ердоган појасни дека Амбасадата две недели своите работи привремено ги извршуваше на аеродромот во Кабул и дека персоналот сега повторно е вратен во зградата на Амбасадата во центарот на градот и продолжува да ги извршува своите работи оттаму.

„Во моментов нашиот план е на тој начин да го продолжиме нашето дипломатско присуство. Постојано ги ревидираме плановите во согласност со безбедносната ситуација. Нашите неопходни алтрнативни планови против сите можности ги држиме подготвени. Нашиот приоритет е безбедноста на нашиот персонал.“.

Запрашан за тоа што мисли во врска со правата на жените во Авганистан, Ердоган рече: „Кога зборуваме авганистанските жени, ние преземаме чекори да имаат еднакви права како и жените во нашата земја.“

Велејќи „Сепак условите во Авганистан не се еднакви со условите во Турција“, претседателот Ердоган го подвлече следното: „Во моментов постои одреден процес и за да се воспостави здрава средина треба да се пушти да оди по својот тек. Повремено имаше и парламентарки кои доаѓаа од Парламентот на Авганистан. Би разговарал со нив. Нормално дека сега ставот на Талибан нема да биде ист со оној од пред 20 години. Сигурно дека и тие ќе имаат одредени измени.“

- Посетите на Босна и Херцеговина и Црна Гора -

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во врска со остварената посета на Босна и Херцеговина потсети дека во Сараево се состанал со членовите на Претседателството на БиХ, при што разговарале за билатералните, регионалните и глобалните прашања, како и за чекорите што можат да бидат преземани со цел унапредување на соработката.

Притоа рече дека имале можност да разговараат и за фазните проекти, меѓу кои е и автопатот Сараево-Белград.

„Имавме можност да размениме мислење за новите полиња на соработка што можеме да ги реализираме со цел поддршка на интересите на нашата земја и развојот на БиХ. Ревидираниот Договор за слободна трговија и неговото стапување во сила на 1 август 2021 година ќе придонесе за нашата трговија и инвестиции во Босна и Херцеговина.“ - рече Тој.

За односите по меѓу двете земји и соработката, Ердоган појасни дека разговараше и со претседавачот на Претседателството на БиХ Жељко Комшиќ и со членовите на Претседателството Шефик Џаферовиќ и Милорад Додик.

Ердоган се осврна и на посетата на Црна Гора и рече дека се состана со претседателот Мило Ѓукановиќ, премиерот Здравко Кривокапиќ и претседателот на Собранието Алекса Бечиќ, со кои разговарал за билатералните односи и соработка.

„Разговаравме за чекорите што можеме да ги преземеме со цел унапредување на односите со пријателска и сојузничка Црна Гора. Драго ми е што за време на посетата на Црна Гора, со која во секој поглед негуваме пријателски односи, имав можност да видам дека со пријателите од Црна Гора делиме ист став. Од друга страна, нè радува тоа што од црногорската страна постои силна волја за зголемување на турските инвестиции.“ - изјави Ердоган.

Тој во продолжение рече: „Посетите на БиХ и на Црна Гора и програмите што ги имавме се последните алки на политиката што ја водиме кон јакнење на мултилатералните и сеопфатни односи кон Балканот. Со членовите на Претседателството на БиХ се состанавме третпат оваа година. Овие блиски средби ги сметам за исклучително важни и од аспект на континуитетот и следењето. Нашето внимание кон Балканот ќе продолжи и во иднина. Поради тоа внимателно ги следиме случувањата и ѝ помагаме на БиХ на политичко, економско, воено, регионално и на други полиња. Се надеваме дека внатрешнополитичките проблеми во БиХ ќе бидат решени во рамките на територијалниот интегритет и политичкото единство.“

Претседателот Ердоган исто така најави дека ќе продолжат контактите со сите страни во БиХ.

„Планираме обемот на трговијата со БиХ да го издигнеме на милијарда евра. Поради тоа преземаме дополнителни чекори. Големо внимание му придаваме на завршувањето на автопатот Сараево-Белград. Овој автопат ќе биде проект на мирот на Балканот и ќе придонесе за развојот, мирот и стабилноста на целиот регион. И мостот на реката Сава ќе биде завршен кон крајот на 2022 година. Со лидерите заедно ги поставивме темелите. Ги сметаме за проекти што ќе придонесат за економскиот развој на БиХ.“ - рече Тој.

Претседателот Ердоган потсети дека веднаш по пристигнувањето во Сараево го посети гробот на првиот претседател на независна Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ во Шехидските гробишта „Ковачи“ и додаде дека во таа прилика читаше дови (молитви) за жртвите кои настрадаа во војната во БиХ.

„Сите наши напори, желби и дови (молитви) се да не се повтори таквото страдање. Поради тоа ќе ја продолжиме мултилатералната политика од Балканот до Африка, од Кавказот до Централна Азија.“ - порача Ердоган.

Тој воедно го изрази задоволството и од неговата прва остварена посета на Црна Гора во врска со која го рече следното: „Со претседателот Ѓукановиќ се состанав претходно во Анталија. Во текот на мојата посета имавме можност да разговараме за билатералните односи, регионалните прашања и чекорите што можеме заедно да ги преземеме во тој поглед. Дадовме поддршка за членството на Црна Гора во НАТО и гледаме позитивни резултати од тоа. Покрај тоа, разговаравме за мапата на патот за остварување на трговската цел со Црна Гора од 250 милиони евра.“

Тој потсети дека во Турција живеат околу 150.000 до 200.000 граѓани по потекло од Црна Гора, што е причина за силните врски помеѓу двете земји.

„Ние ќе го заштитиме нашето историско наследство на Балканот и во врска на актуелните случувања, ќе продолжиме да придонесуваме за мирот, стабилноста и развојот на регионот.“ - подвлече претседателот Ердоган.

 

 



Слични вести