Претседателот Ердоган во Црна Гора пречекан со највисоки државни почести

Претседателот Реџеп Таип Ердоган во Цетиње, во рамките на неговата прва официјална посета на Црна Гора е пречекан од страна на црногорнскиот претседател Мило Џукановиќ со највисоки државни почести

1698906
Претседателот Ердоган во Црна Гора пречекан со највисоки државни почести
Cumhurbaşkanı Erdoğan Karadağ Karşılama Töreni.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Karadağ Karşılama Töreni1.jpg
Cumhurbaşkanı Erdoğan Karadağ Karşılama Töreni2.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по остварената еднодневна официјална посета вчера на Босна и Херцеговина денеска во пладневните часови допатува во посета на Црна Гора.

Претседателот Ердоган на аеродромот во Подгорица беше пречекан од страна на потпретседателот на црногорската Влада Дритан Абазовиќ, амбасадорот на Црна Гора во Анкара Периша Кастрановиќ, шефот на државниот протокол Симеон Раониќ, Миодраг Радовиќ, специјалниот советник на претседателот Мило Џукановиќ и амбасадорката на Турција во Подгорица Сонѓул Озан и вработените во Амбасадата.

Претседателот Ердоган во рамките на својата денешна посета на Црна Гора што ја остварува на покана на црногорскиот претседател Мило Џукановиќ е придружуван од страна на неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за трговија Мехмет Муш и министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун и портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин.  

Претседателот Реџеп Таип Ердоган во Цетиње, во рамките на неговата прва официјална посета на Црна Гора е пречекан од страна на црногорнскиот претседател Мило Џукановиќ со највисоки државни почести.

По средбата лице в лице и меѓуделегациските разговори двајцата претседатели Ердоган и Џукаовиќ ќе одржат заедничка прес-конференција.



Слични вести