Емине Ердоган ја посети Фондацијата „Алија Изетбеговиќ“ во Сараево
Сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Емине Ердоган која го придружува за време на еднодневната официјална посета на Босна и Херцеговина, ја посети Фондацијата „Алија Изетбеговиќ“ во Сараево

Сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Емине Ердоган која го придружува за време на еднодневната официјална посета на Босна и Херцеговина, ја посети Фондацијата „Алија Изетбеговиќ“ во Сараево кадешто беше информирана во врска со работите и активностите на Фондацијата.
Овде г-ѓа Емине Ердоган беше пречекана од страна на ќерките на првиот претседател на независна Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ, Сабина Изетбеговиќ и Лејла Акшамија-Изетбеговиќ.
За време на посетата, г-ѓа Емине Ердоган беше придружувана од Вилдана Џаферовиќ, сопругата на бошњачкиот член на Претседателскиот совет на Босна и Херцеговина.
Емине Ердоган ја прошета и куќата во која живееше покојниот Алија Изетбеговиќ која се наоѓа во склопот на Фондацијата и која е преуредена во „спомен куќа“.