Во Афјонкарахисар се одржа „Марш на победата“

Оние што не го признаваат своето минато, не можат да постигнат големи цели во иднина

1697671
Во Афјонкарахисар се одржа „Марш на победата“

 

По повод 99-та годишнина од Големата офанзива, во Афјонкарахисар се одржа „Марш на победата“.

Пред маршот, во училишната градина во селото Чакиризи, во областа Шухут се одржа манифестација.

На просторот „Почетокот на Победата“ се собраа поранешниот министер за шумарство и водостопанство, Вејсел Ероглу, заменик-министерот за култура и туризам, Озгул Озкан Јавуз, некои политичари, млади и голем број граѓани, како и војници кои носеа слични воени униформи од тој период.

Ероглу, во говорот на церемонијата која се одржа на теренот,  истакна дека во тоа време, патот во војната не бил топол асфалт, туку камен карпест пат.

Ероглу рече: „Војниците имаа опинци на нозете. Имаа голем товар на грбот. Но, тие ја имаа љубовта кон татковината, знамето и слободата за да ја спасат татковината. Патот на победата го поминаа со таа љубов“.

Изразувајќи дека победата не беше лесно извојувана, Ероглу рече: „Оние што не го признаваат своето минато, не можат да постигнат големи цели во иднина. На сите деца на земјата, од 7 до 70 години, треба да им ја раскажеме славната борба и голема победа што се водеше на овој простор“.

Подоцна, Ероглу го започна „Маршот на победата“ кон Коџатепе.



Слични вести