Пристигна првата група турски војници евакуирани од Авганистан

Во турскиот контингент, составен од 1.400 војници, имаше персонал на воздухопловните сили што го управуваа и го чуваа аеродромот во Кабул

1697734
Пристигна првата група турски војници евакуирани од Авганистан

 

Започна враќањето дома на турските војници кои успешно ја исполнија својата должност во Авганистан.

По завршувањето на активностите за евакуација на турските државјани од земјата, започна евакуацијата на турските војници, кои беа ангажирани на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во Кабул.

Војниците на Турските вооружени сили, кои од Кабул со транспортен авион заминаа за главниот град на Пакистан, Исламабад, потоа со авионскиот лет ТК 6889 на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“,на заминаа за главниот град Анкара.

Авионот, со 345 патници, на аеродромот Есенбога слета во 11:45 часот по турско време.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече дека започна евакуацијата на турските војници од Авганистан, кои со гордост успешно ја исполнија задачата што им беше доверена во Авганистан,  имаат за цел активности за трансфер да ги завршат што е можно поскоро.

Во јуни 2002 година, Турција во оваа земја ги испрати своите војници кои служеа во Меѓународните безбедносни сили за поддршка во Авганистан (ИСАФ) во оваа земја.

Во турскиот контингент, составен од 1.400 војници, имаше персонал на воздухопловните сили што го управуваа и го чуваа аеродромот во Кабул.

По преземањето на контролата врз главниот град Кабул на 15 август од страна на Талибанците, заминувањето на странските војници, дипломатските мисии и цивилите во земјата доби на интензитет.



Слични вести