Портпаролот Калин: „Заминувањето на турската војска од Авганистан ќе заврши денес или утре“

Можеме да ја продолжиме операцијата на аеродромот (Хамид Карзаи) дури и откако нашите војници ќе се повлечат

1697591
Портпаролот Калин: „Заминувањето на турската војска од Авганистан ќе заврши денес или утре“

 

Портпаролот на претседателството Ибрахим Калин рече дека заминувањето на турската војска од Авганистан ќе заврши денес или утре.

Ибрахим Калин во програмата за еден приватен телевизиски канал, одговараше на прашањата на агендата.

Портпаролот Калин рече дека „Операцијата за евакуација на турските војници кои служеа во Авганистан од 2001 година, ќе заврши во рок од 36 часа (од синоќа)“.

„Можеме да ја продолжиме операцијата на аеродромот (Хамид Карзаи) дури и откако нашите војници ќе се повлечат. Продолжуваат преговорите за тоа“.

Наведувајќи дека разговорите се воделе со Талибанците на ниво на разузнавачки единици и Министерството за надворешни работи, Калин рече: „Ние ги продолжуваме нашите дипломатски контакти за да нема имиграција. Земјите во регионот и меѓународната заедница треба да преземат повеќе одговорност за да се спречи евентуален нов бран имиграција. Турција исполни повеќе од својот дел во врска со прашањето за илегалната имиграција. Презедовме нови мерки за да спречиме илегална имиграција. Турција не е ничие складиште за имиграција. Продолжуваат преговорите со Иран за да се спречи илегалната имиграција“.

Министерството за национална одбрана соопшти дека започна евакуацијата на војниците на Турските вооружени сили (ТВС) од Авганистан.

Кога Талибанците ја презедоа контролата врз главниот град Кабул на 15 август, заминувањето на странските војници, дипломатските мисии и цивилите во Авганистан доби на интензитет.



Слични вести