Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 9 терористи на ПКК/ЈПГ

Министерството за национална одбрана (МНО) соопшти дека во северниот дел на Сирија се неутрализирани 9 терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвувале за напад

1697018
Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 9 терористи на ПКК/ЈПГ

Во северниот дел на Сирија се неутрализирани 9 терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвувале за напад.

Министерството за национална одбрана (МНО) на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава под насловот „Нема нема премин од турските војници Мехметчик за терористите во северниот дел на Сирија.“

Во објавата се истакнува дека турските командоси кои ги преземаат сите видови мерки против евентуалните терористички напади неутрализираа 9 терористи на ПКК/ЈПГ од кои 8 во подрачјето на операцијата Извор на мирот и 1 во подрачјето на операцијата Еуфратски штит кои се подготвувале за напад.

Во меѓувреме, продолжува борбата против тероризмот и внатре во границите на земјата.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во рамките на операциите Ерен-13 во населеното место Бејтушшебап кај градот Ширнак се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството се истакнува дека продолжуваат операциите против терористите во подрачјето.

Од друга страна пак, во едно друго објавено соопштение на Министерството за внатрешни работи се истакнува дека едниот од тројцата неутрализирани терористи на 19 август во рамките на реализираната операција „Шехит жандармериски војник Мехмет Караџи Ерен-1“ бил терористот Фидан Куртпинар познат под кодното име „Рожин Амед“ кој се наоѓал во списокот на барани терористи од категоријата со сива боја по кого е распоишана награда до 500 илјади турски лири.



Слични вести