Чавушоглу и Блинкен разговараа за случувањата во Авганистан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар Антони Блинкен посветен на најновите случувања во Авганистан

1696811
Чавушоглу и Блинкен разговараа за случувањата во Авганистан

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Според добиени информации од Државниот секретаријат (Стејт департментот) на САД, во телефонскиот разговор помеѓу Чавушоглу и Блинкен беа разгледани најновите случувања во Авганистан.

Портпаролот на Стејт дерпартментот Нед Прајс пак, во објавеното писмено соопштение во врска со телефонскиот разговор го истакна следното: „Блинкен разговараше телефонски со министерот за надворешни работи на Турција Чавушоглу. Во разговор беа разгледани нашата соработка којашто продолжува во Авганистан и напорите коишто ги вложуваме за безбедна и уредна евакуација на нашите граѓани, нашите сојузници и нашите партнери.“

Американскиот државен секретар Антони Блинкен исто така на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека оствариле телефонски разговор со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и го напиша следното: „Турција е значаен НАТО сојузник и многу ценет партнер во регионот.“



Слични вести