Во Ајваџик спасени уште 52 бегалци кои беа турнати од грчката крајбрежна стража

По правната постапка, нерегуларните мигранти беа предадени на Центарот за отстранување странци во Ајваџик

1696125
Во Ајваџик спасени уште 52 бегалци кои беа турнати од грчката крајбрежна стража

Во 2 одделни операции во областа Ајвачик кај Чанаккале, беа спасени 52 нерегуларни мигранти кои од страна на грчката крајбрежна стража беа турнати во турските територијални води.

Екипите на Командата на крајбрежната стража открија дека група нерегуларни мигранти се наоѓала на гумен чамец кај брегот на областа.

Екипите коишто заминаа во регионот спасија 24 нерегуларни мигранти, кои беа турнати од грчките елементи во турските територијални води.

Откако беа турнати во турските територијални води од страна на грчките сили кај Бабабурну, 28 нерегуларни мигранти кои сами излегоа на брегот, беа одведени од екипите на Командата на крајбрежната стража.

По правната постапка, нерегуларните мигранти беа предадени на Центарот за отстранување странци во Ајваџик.

По информацијата дека има група бегалци во сплав за спасување крај брегот на округот Фоча во Измир, бродот на крајбрежната стража се упати кон подрачјето.

Од сплавот за спасување, кои грчките елементи ги оставија во турските територијални води, беа спасени осум баратели на азил.

По завршувањето на постапките, бегалците беа испратени во Покраинскиот директорат за управување со миграција.



Слични вести