Претседателот Ердоган приреди вечера во чест на спортистите кои учествуваа на Олимпијадата

Оваа година, нашите спортисти се прославија не само со нивниот успех, туку и со нивното џентлменско однесување на Олимпијадата

1696127
Претседателот Ердоган приреди вечера во чест на спортистите кои учествуваа на Олимпијадата
Erdoğan Sporcular.jpg
Erdoğan Sporcular1.jpg
Erdoğan Sporcular2.jpg

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека имаат за цел Турција да ја искачат на многу подобра позиција во спортот.

Синоќа, претседателот Ердоган на вечера во Бештепе се состана со репрезентативците кои освоија медали на Олимписките игри во Токио 2020.

Во говоот во оваа прилика Ердоган истакна дека секој од 108-те турски спортисти кои учествуваа на Олимписките игри во Токио 2020 заслужуваат почит.

„Оваа година, нашите спортисти се прославија не само со нивниот успех, туку и со нивното џентлменско однесување на Олимпијадата. Со чекорите што ги презедовме, ја сменивме перспективата на спортот и спортистите“.

Претседателот Ердоган рече: „Во процесот до 2023 година (100-та годишнина од основањето на Републиката), имаме за цел нашата земја да ја искачиме на многу подобра позиција, особено во спортот каде што имаме ограничено присуство“.

Изјавувајќи дека ќе продолжат со поддршката на спортистите во секоја фаза, Ердоган рече:

„Ќе ги анализираме нашите предности и слабости. Ќе се фокусираме на гранките каде што не можеме да го достигнеме посакуваното ниво или каде што сме го изгубиле забрзувањето. Во Париз (каде што ќе се одржат Олимписките игри 2024 година), ќе го надминеме нашиот успех во Токио 2020 година“.



Слични вести