Турција испрати помош на Хаити за санирање на штетите од силниот земјотрес

Турција испрати 16 тони хуманитарна помош на Хаити за санирање на штетите од силниот земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер што се случи на 14 август и во кој загинаа повеќе од 2 илјади лица

1695935
Турција испрати помош на Хаити за санирање на штетите од силниот земјотрес

Турција ја подаде својата рака за помош на Хаити кој на 14 август беше погоден од силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтер, а ги кој според последни добиени информации животите ги загубија 2.207 лица.

На инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган хуманитарната помош од 16 тони составени од 222 кутии со храна и 270 кутии хигиенски средства подготвени од страна на Министерството за вн работи и Управата за елементарни непогоди и итни случаи (АФАД), беа натоварени на воениот карго авион и беа испратени за Хаити.

Воениот карго авион од типот „A400 M“ а познат по името Коџа Јусуф во 09:35 часот по турско време од воениот аеродром Етимесгут кај Анкара полета за Хаити.

 



Слични вести