Претседателот Ердоган разговараше со претседателот на Европскиот совет Мишел за односите меѓу Турција и ЕУ и Авганистан

Претседателот Ердоган разговараше телефонски со претседателот на Европскиот совет Мишел за односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) и за случувањата по прашањаето на Авганистан

1695368
Претседателот Ердоган разговараше со претседателот на Европскиот совет Мишел за односите меѓу Турција и ЕУ и Авганистан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации при претседателството, претседателот Ердоган во телефонскиот разговор рече дека Турција чувствува задоволство од одлуката на Европската унија (ЕУ) за вклучување на земјата кон Дигиталниот Ковид-19 сертификат на ЕУ. 

Претседателот Ердоган исто така го повтори и очекувањето за ставање во примена во целина на Договорот од 18 март, а пред се по прашањата на повторното започнување на преговорите на Турција за членство во Европската унија (ЕУ), ажурирањето на Царинската унија и визната либерализација.

Велејќи дека последните случувања во Авганистан го изнесуваат значењето на тоа што Турција зазема место во проектот на Европската унија (ЕУ) PESCO т.е. програмата Постојана структурирана соработка во сферата на одбраната и безбедноста, Ердоган истакна дека постоечкиот приоритет на Турција, освен стекнувањето на Авганистан со мир и стабилност, е евакуацијата на своите граѓани од оваа земја.

Ердоган рече дека Турција ги обезбедува и барањата на голем број европски земји за поддршка во евакуацијата на нивните граѓани, а воедно привлече внимание дека турските војници вложуваат извонредни напори и во точката на воспоставување на јавниот ред во Авганистан и здравото функционирање на Аеродромот во Кабул.

Претседателот Ердоган истакна дека посакуваат да се одвива мек премин во Авганистан и предупреди дека доколку не бидат преземени неопходните мерки ќе дојде до зголемување уште повеќе на миграцискиот притисок од Авганистан, за што пак рече дека ќе претставува сериозен предизвик за сите земји.  

Тој истакна дека Европската унија (ЕУ) треба да му помогне на авганистанскиот народ во Авганистан и во соседните земји, а особено во Иран и нагласи дека Турција која моментално е домаќин на 5 милиони бегалци не може да поднесе евентуален нов дополнителен миграциски товар.

Велејќи дека добиваат барања од Европската унија (ЕУ) по прашањето на прифаќање во Турција на Авганистанците кои работеа за мисијата во Авганистан, претседателот Ердоган напомена дека земјите членки на ЕУ ги отворија своите врати за само мал дел од луѓето кои им служеа и кои сега се наоѓаат во тешка состојба, а воедно појасни дека со вакви видови симболични чекори не е можно да се реши прашањето и дека не може да се очекува Турција да ги преземе меѓународните одговорности на трети земји.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во остварениот телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, исто така подвлече дека треба да се земе во предвид тоа оти Турција е земја кандидат за членство во Европската унија (ЕУ) и дека согласно тоа треба да се воспостави обемна, содржинска и искрена соработка.

 



Слични вести