Претседателот Ердоган му се заблагодари на украинскиот претседател Зеленски за поддршката во борбата против шумските пожари

Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со украинскиот претседател Зеленски и притоа меѓу другото му се заблагодари за доставената брза и обемна поддршка во борбата на Турција против шумските пожари

1695371
Претседателот Ердоган му се заблагодари на украинскиот претседател Зеленски за поддршката во борбата против шумските пожари

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во телефонскиот разговор беа разгледани односите помеѓу Турција и Украина и регионални прашања.

Освен тоа претседателот Ердоган му се заблагодари на украинскиот претседател Зеленски за доставената брза и обемна поддршка во борбата на Турција против шумските пожари.

Претседателот Ердоган воедно му честита на Зеленски и за одбележувањето на 30-годишнината од независноста на Украина.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во телефонскиот разговор истакна дека ќе продолжи да се развива и унапредува актуелната стратешка соработка со Украина на секое поле, од безбедноста до одбранбената индустрија и од туризмот до трговијата.

 



Слични вести