Претседателот Ердоган и британскиот премиер Џонсон разговараа за авганистанското прашање и миграцијата

Во телефонскиот разговор беа разгледани прашања посветени на развојот на билатералните односи помеѓу двете земји и актуелни регионални прашања на чело со случувањата во Авганистан и прашањето со миграцијата

1695364
Претседателот Ердоган и британскиот премиер Џонсон разговараа за авганистанското прашање и миграцијата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера оствари телефонски разговор со премиерот на Велика Британија Борис Џонсон.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации на претседателството, во телефонскиот разговор беа разгледани прашања посветени на развојот на билатералните односи помеѓу двете земји и актуелни регионални прашања на чело со случувањата во Авганистан и прашањето со миграцијата.

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор истакна дека приоритет на Турција во моментот е евакуацијата на своите граѓани од Авганистан и дека доколку се воспостават погодни услови за тоа Турција може да продолжи да ја исполнува одговорноста за воспоставување на безбедноста на Аеродромот во Кабул.

Укажувајќи дека доколку не бидат преземени неопходните мерки во Авганистан и во Иран неизбежно е да дојде до нов бегалски бран, Ердоган нагласи дека авганистанската нерегуларна миграција пред да се претвори во криза сите на чело со европските земји на искрен начин треба да ја стават својата рака под каменот и меѓународната заедница треба да се состане по ова прашање.  

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека миграцијата од Авганистан за да не би станала причина за доживување на нови човечки трагедии, на Авганистанците треба да им се обезбеди помош на нивните сопствени територии и во соседните земји.

Ердоган исто така напомена дека притисокот од оваа миграција може да се намали доколку бидат зголемени финансиските придонеси на Организациите при Обединетите нации (ОН), на чело со Високиот комесаријат за бегалци и доколку овие организации одигруваат поефикасна улога во Авганистан.

 



Слични вести