Демант од Алтун: Тврдењата за формирање Центар за авганистански мигранти не ја одразуваат вистината

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун ги демантираше тврдењата во однос на тоа дека се прават планови во Турција да се формира Центар за Авганистанци за поднесување барања за азил

1695921
Демант од Алтун: Тврдењата за формирање Центар за авганистански мигранти не ја одразуваат вистината

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави соопштение во врска со вестите коишто заземаат место во британскиот печат во однос на тоа дека се прават планови во Турција да се формира Центар за Авганистанци за поднесување барања за азил.

Алтун ги демантираше овие вести и истакна дека тврдењата за формирање Центар во Турција за авганистанските мигранти не ја одрзуваат вистината.

Тој рече: „Нашето Министерство за надворешни работи набрзина објави соопштение и покажа дека овие гласини не ја одразуваат вистината.“

Нагласувајќи дека не пристигнало одредено такво барање до Турција, Алтун рече: „И доколку би пристигнало барање тоа никако нема да го прифатиме.“

Фахреттин Алтун додаде дека тврдењата за коишто станува збор предизвикаа зачуденост кај сите.

Инаку, британскиот министер за одбрана Бен Валас во неговиот напис што беше објавен во весникот „The Mail on Sunday“ соопшти дека планираат за некои Авганистанци кои работеа за нив да формираат центри во некои земји кадешто ќе чекаат додека да им бидат завршени постапките за издавање виза. 

Весникот „The Mail on Sunday“ и покрај тоа што во написот не се изговара името на ниту една земја, во веста што ја објави алудирајќи на британскиот министер за одбрана Бен Валас ги изнесе имињата на Турција и Пакистан.

Оваа вест беше објавена и во некои други британски информативни органи.

 



Слични вести