Ердоган: „Турција нема должност, одговорност или обврска да биде складиште за бегалци во Европа“

Доколку е потребно, ќе се одржиме средби и со владата што ќе ја формираат Талибанците и ќе разговараме за нашите заеднички агенди

1694338
Ердоган: „Турција нема должност, одговорност или обврска да биде складиште за бегалци во Европа“

 

Претседателот Ердоган по состанокот на Советот на министри во врска со случувањата во Авганистан, каде во неделата главниот град Кабул беше преземен од Талибанците, рече: „Доколку е потребно, ќе одржиме средби и со владата што ќе ја формираат Талибанците и ќе разговараме за нашите заеднички агенди“.

За Авганистанците кои се обидуваат да избегаат од Талибанците и да побараат засолниште во други земји, Ердоган рече: „Турција нема должност, одговорност или обврска да биде складиште за бегалци во Европа. Турција, се разбира, не е напуштена земја каде што секој може да влезе и да излезе и да се движи како што сака“.

Ердоган рече дека Турција никогаш нема да дозволи оние што не ги почитуваат турските закони, правила и наредби да покажуваат ставови што ќе предизвикаат хаос.



Слични вести