Акар ги продолжува средбите во рамките на 15-от Меѓународен саем за одбранбена индустрија

По средбата, Акар и Маргерите Гнакаде го потпишаа Рамковниот воен договор

1694524
Акар ги продолжува средбите во рамките на 15-от Меѓународен саем за одбранбена индустрија

 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар ги продолжува средбите во рамките на 15-от Меѓународен саем за одбранбена индустрија (ИДЕФ'21).

Министерот Акар одделно се сретна со министерот за армија, ветерани и жрвти на војната на Чад, Дауд Јај Брахим, министерот за одбрана на Буркина Фасо, Аиме Бартелеми, министерот за одбрана на Мавританија, Хенин Улд Сиди и министерот за одбрана на Екваторијална Гвинеја, Викторијан Бибанг Нсуе Оком. Акар се сретна и со министерката за одбрана на Того, Маргерита Гнакаде.

По средбата, Акар и Маргерите Гнакаде го потпишаа Рамковниот воен договор.

Министерот Акар ги прими и потсекретарот на Министерството за одбрана на Шри Ланка, Камал Гунаратне и советникот за национална безбедност на претседателот на Романија, Јон Опришор.



Слични вести