Ердоган: „Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се подготвуваат да инвестираат во Турција“

Верувам дека Обединетите Арапски Емирати ќе направат сериозни инвестиции во нашата земја за многу кратко време

1693828
Ердоган: „Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се подготвуваат да инвестираат во Турција“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се подготвуваат да инвестираат во Турција.

Ердоган го прими советникот за национална безбедност на ОАЕ, шеикот Тахнун бин Зајед Ал Нахјан, кој се наоѓа во посета на Анкара.

Според соопштението објавено од Дирекцијата за комуникации на претседателството, на средбата беа разменети мислења за односите меѓу двете земји и регионални прашања, а се разговараше и за инвестициите на ОАЕ во Турција.

Ердоган подоцна учествуваше на телевизиска програма во живо.

„Тие имаат многу сериозни инвестициски цели и инвестициски планови. Верувам дека Обединетите Арапски Емирати ќе направат сериозни инвестиции во нашата земја за многу кратко време“.



Слични вести