Чавушоглу: „Турција ќе дејствува заедно со меѓународната заедница“

Велат дека ќе формираат инклузивна влада. Треба да видиме дали навистина ќе се формира инклузивна влада или не.

1694009
Чавушоглу: „Турција ќе дејствува заедно со меѓународната заедница“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Турција, во врска со признавањето на владата што треба да се формира во Авганистан, ќе дејствува заедно со меѓународната заедница.

Чавушоглу во Анкара одговораше на прашањата на новинарите за ситуацијата во Авганистан.

Наведувајќи дека оствариле поединечни телефонски разговори со турските државјани во Авганистан, Чавушоглу рече дека сите оние граѓани што бараат да бидат донесени, се обидуваат да ги донесат во земјата.

Објаснувајќи дека Турција исто така помогна во евакуацијата на граѓаните и на други земји, Чавушоглу рече:

„Многу земји ни се обраќаат за помош. Им благодариме на нашите војници за улогата на Турција во Авганистан“.

На прашањето на новинарите: „Како се воспоставува контакт со Талибанците, има ли средба со претставниците на Талибан?“. - Чавушоглу рече дека „пред да влезат во Кабул, политичкото крило на Талибанците го поканиле во Турција“.

Потсетувајќи дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган синоќа на телевизиската програма рече дека „постои можност да се сретне со претставниците на Талибан“, Чавушоглу рече: „Имаме комуникација преку различни канали. Имаме контакти и преку Кабул и преку Доха, и треба да има“.

Во врска со напорите за формирање влада во Авганистан и признавањето на владата што треба да се формира, Чавушоглу нагласи дека прво треба да видат како ќе се формира владата.

Истакнувајќи дека тие се во преговори со сите земји за да се осигураат дека ставовите и пораките што треба да се пренесат по ова прашање се исти, Чавушоглу рече: „Велат дека ќе формираат инклузивна влада. Треба да видиме дали навистина ќе се формира инклузивна влада или не. Ќе дејствуваме заедно со меѓународната заедница. Пораките што ќе ги дадеме и чекорите што ќе ги преземеме ќе бидат координирани. Во петок ќе има состанок на министрите за надворешни работи на НАТО. Треба да се координираме и да дејствуваме заедно со меѓународната заедница. Не би било правилно да се донесе одлука во моментов“.



Слични вести