Ердоган: „Продолжуваме со движењето Голема земјотресна трансформација“

Досега е извршена земјотресна трансформација на 300 илјади куќи во 81 провинција и 922 окруз

1693380
Ердоган: „Продолжуваме со движењето Голема земјотресна трансформација“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека без забавување, низ цела Турција го продолжуваат движењето „Голема земјотресна трансформација“, започнато во 2012 година.

Во објавата на профилот на Твитер, Ердоган нагласи дека постојано го зголемуваат станбениот фонд отпорен на земјотреси, како дел од напорите за урбана трансформација.

Претседателот Ердоган изјави дека во рамките на движењето „Голема земјотресна трансформација“, кое го продолжуваат со решителност, извршиле земјотресна трансформација на 300 илјади куќи во 81 провинција и 922 окрузи.

Во својата објава, Ердоган исто така информираше дека 100 илјади од овие станбени објекти се наоѓаат во Истанбул и имаат инвестициска вредност од 90 милијарди ТЛ.



Слични вести