Во операциите во подрачјето Гара на северот на Ирак неутрализирани уште двајца терористи

Министерството за национална одбрана (МНО) сподели објава дека уште 2 терористи, членови на сепаратистичката терористичка организација ПКК, се неутрализирани во оперативниот регион „Канџа-молња“ на северот од Ирак

1692791
Во операциите во подрачјето Гара на северот на Ирак неутрализирани уште двајца терористи

Во операциите во подрачјето Гара во северен Ирак, беа неутрализирани уште двајца терористи на ПКК/КЏК.

Продолжуваат операциите на Националната разузнавачка служба (МИТ) против терористичката организација ПКК/КЏК во северен Ирак.

Во тие рамки, беа неутрализирани 2 терористи во операција организирана од МИТ во Гара.

Министерството за национална одбрана (МНО), во објавата преку профилот на социјалните мрежи сподели дека уште 2 терористи, членови на сепаратистичката терористичка организација ПКК, се неутрализирани во оперативниот регион „Канџа-молња“ на северот од Ирак.

МНО објави турските командоси, во Сирија неутрализирале 3 терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвувале да извршат напад, од кои 2 во оперативното подрачје Еуфратски штит и 1 во подрачјето на Маслиново гранче.

Во соопштението беше наведено дека борбата против тероризмот продолжува насекаде на ефикасен и решителен начин.



Слични вести