Во судирот со терористите на ПКК во Ирак загина еден турски војник

Министерството за национална одбрана изрази сочувство за војникот кој загина и посака што побрзо оздравување на повредениот  војник

1692078
Во судирот со терористите на ПКК во Ирак загина еден турски војник

Во судирот со терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во оперативното подрачје Канџа-молња во северен Ирак, загина еден војник, а друг беше повреден.

Министерството за национална одбрана сооопшти дека еден војник беше тешко повреден во судирот со терористите во оперативниот регион Канџа-молња на 15 август.

Во соопштението беше наведено дека повредениот војник подлегнал на повредите во болницата каде што бил пренесен. Другиот војник кој беше повреден во истиот судир, исто така беше пренесен на лекување во болница.

Министерството за национална одбрана изрази сочувство за војникот кој загина и посака што побрзо оздравување на повредениот  војник.



Слични вести