Чавушоглу: „Амбасадата во Кабул продолжува со активностите“

Ги презедовме неопходните мерки во врска со нашите дипломатски мисии во Авганистан

1691633
Чавушоглу: „Амбасадата во Кабул продолжува со активностите“

 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека амбасадата на РТ во Кабул продолжува со своите активности.

По средбите во Алжир, министерот Чавушоглу пред да се врати во земјата, направи проценка на актуелните случувања.

Чавушоглу за најновата ситуација во Авганистан рече:

Ги презедовме неопходните мерки во врска со нашите дипломатски мисии во Авганистан. Нашата амбасада во Кабул продолжува со своите активности“.

Изјавувајќи дека уште од самиот почеток е во контакт со сите страни и дека контактите продолжуваат и сега, Чавушоглу рече:

„Ги преземавме неопходните мерки на претпазливост во врска со нашите дипломатски мисии и сите наши колеги од самиот почеток, и преземени се неопходните мерки на претпазливост. Нашата амбасада во Кабул продолжува со своите активности“.

Во рамките на мировниот договор постигнат меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Талибанците во февруари 2020 година, започна процесот на повлекување на меѓународните сили од Авганистан.

Иако договорот предвидува да не се напаѓаат странски сили, Талибанците, кои преговорите со авганистанската влада ги продолжуваат во Катар, истовремено како резултат на насилни напади од јуни наваму, ја презедоа контролата над низа провинциски центри во Авганистан.

Талибанците, кои вчера го опколија главниот град Кабул, почнаа да ја преземаат контролата и врз овој град, откако претседателот Ешреф Гани ја напушти земјата и владините сили го напуштија главниот град.



Слични вести