Ердоган: „Турција ќе продолжи со поддршката и солидарноста со братскиот судански народ и држава“

Од 2019 година во Судан се случува сеопфатен и важен процес на промени

1690464
Ердоган: „Турција ќе продолжи со поддршката и солидарноста со братскиот судански народ и држава“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече: „Ние сме решени да го олесниме исцрпувачкиот процес и да ја продолжиме солидарноста со братскиот судански народ и држава“.

Ердоган, во претседателскиот комплекс одржа заедничка прес-конференција со претседателот на Суданскиот совет за сувереност генерал Абдулфетах ал-Бурхан, кој престојува во официјална посета на Анкара.

Изразувајќи дека верува дека историската посета најавува нова ера во братството меѓу  Судан и Турција, Ердоган изјави дека од 2019 година во Судан се случува сеопфатен и важен процес на промени.

Изразувајќи дека Бурхан презеде тешка одговорност во овој критичен период, Ердоган рече:

„Ние сме решени да го олесниме исцрпувачкиот процес со тоа што ќе стоиме покрај братскиот судански народ и држава и ќе продолжиме на овој начин солидарно за иднината. Суданскиот народ има сила, остроумност и дух на солидарност да ги надмине тешкотиите што ги лице“.

Генералот Абдулфетах ал-Бурхан, претседател на Суданскиот совет за сувереност изјави дека Турција секогаш е на страната на неговата земја.

Бурхан изјави дека постојат длабоко вкоренети и историски односи меѓу двете земји.

„Турција беше со нас во процесот на трансформација и промена низ кој поминува Судан. Се надеваме, веруваме дека ќе го поминеме овој процес со поддршка од нашите искрени пријатели како Турција и нејзиниот лидер“.

Пред прес-конференцијата, меѓу двете земји беа потпишани договори во 6 различни области.



Слични вести