Во близина на Дидим кај Ајдин спасени 14 нерегуларни мигранти турнати од грчките елементи

Екипите на турската крајбрежна стража во близина на Дидим кај Ајдин спасија од морето 14 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени назад) кон турските територијални води.

1687070
Во близина на Дидим кај Ајдин спасени 14 нерегуларни мигранти турнати од грчките елементи

Во близина на населеното место Дидим кај градот Ајдин се спасени 14 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени назад) кон турските територијални води.

Според објавеното соопштение на интернет страницата на Командата на крајбрежната стража, по добиени информации дека во морето во близина на Дидим се наоѓаат група мигранти качени на сплав на утврденото место беше испратен чамец на крајбрежната стража.

Притоа од морето беа спасени 14 нерегуларни мигранти кои од страна на грчките елементи биле турнати (присилно вратени назад) кон турските територијални води.

Спасените мигранти беа извадени на копно и по законските постапки беа испратени во Дирекцијата на управата за миграција во Ајдин.



Слични вести