Пакдемирли: Од 223 шумски пожари 217 се ставени под контрола, 6 продолжуваат

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли истакна дека од 223 шумски пожари во 47 градови 217 се ставени под контрола, а 6 пожари продолжуваат

1687268
Пакдемирли: Од 223 шумски пожари 217 се ставени под контрола, 6 продолжуваат

Турција продолжува да води силна борба против пожарите коишто избувнаа во различни области на земјата.

Од 223 шумски пожари коишто избувнаа во 47 градови 217 се ставени под контрола, 6 пожари продолжуваат.

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли во Центарот за управување со пожарите во населеното место Ула кај градот Мугла информира за најновата состојба во работите за ставање под контрола и гаснење на шумските пожари.

Министерот Пакдемирли истакна дека од 223 шумски пожари во 47 градови 217 се ставени под контрола, а 6 пожари продолжуваат во Ќојџегиз, Каваклидере, Милас, Јатаган кај Мугла, Чине кај Ајдин и Сутчулер кај Испарта.

Тој рече: „Врз пожарите интервенираме со 16 авиони, 9 беспилотни летала (ИХА), 57 хеликоптери, еден беспилотен хеликоптер, 850 возила со прскалки и цистерни за вода, 150 градежни машини и со шумски персонал од 5.250 лица.“

Велејќи „Ги користиме најновите технологии во работите за утврдување и ставње под контрола на пожарите“, министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли ја сподели информацијата дека 2 авиони коишто беа испратени од Европската унија (ЕУ) ја напуштија земјата.

 



Слични вести