Турција: Ги повикуваме актерите инволвирани во Кипарското прашање да бидат дел од решението

По состанокот на Советот за национална безбедност (МГК или MGK) беше објавено соопштение во кое се упатува повик до актерите инволвирани во Кипарското прашање наместо да инсистираат во нивните некомпромисни приоди да бидат дел од решението.

1686399
Турција: Ги повикуваме актерите инволвирани во Кипарското прашање да бидат дел од решението

Вчера во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара се одржа состанок на Советот за национална безбедност (МГК или MGK).

По состанокот под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, беше објавено соопштение во кое се истакнува следното: „Ги повикуваме актерите инволвирани во Кипарското прашање наместо да инсистираат во нивните некомпромисни приоди да бидат дел од решението.“

Во соопштението се вели и следното: „Жестоко се осудени земјите кои земајќи ја под своја заштита сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК-ПЈД/ЈПГ ја поттикнуваат оваа терористичка организација да ги продолжи нападите насочени против мирот и стабилноста во нашиот регион. Борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) ќе продолжи без отстапка и со одлучност.“

Во соопштението исто така се упатува повик до Ерменија од која се бара да ги прекине нејзините агресивни реторики и акции, да остане приврзана кон ветувањата што ги даде и да ја развие нејзината соработка со регионалните земји.
 



Слични вести