Продолжува поддршката на различни земји во борбата против шумските пожари во Турција

Екипите ги продолжуваат работите за интервенција врз шумските пожари од копно со возила за гаснење со прскалки и противпожарни возила, а продолжува да пристигнува и нова помош и поддршка од различни земји

1686396
Продолжува поддршката на различни земји во борбата против шумските пожари во Турција

Продолжува интервенцијата од воздух и од копно против шумските пожари од коишто еден дел се ставени под контрола и изгаснати, а еден дел се уште траат во различни области на Турција.

Продолжува да се води силна и ефикасна борба за што поскоро ставање под контрола на пожарите коишто избувнаа во различни градови и населени места на чело со подрачјето на градовите Анталија и Мугла.

Екипите ги продолжуваат работите за интервенција од копно со возила за гаснење со прскалки и противпожарни возила, продолжува интервенцијата и со беспилотни летала (ИХА), авиони за гаснење ератори и хеликоптери, а пристигнува и нова помош и поддршка од различни земји.

Под координација на Министерството за надворшени работи за поддршка во работите за гаснење на пожарите досега од Азербејџан заедно со заменик министерот за вонредни случаи Етибар Мирзаев во градот Мугла пристигнаа 50 члена екипа и техничка опрема, 53 возила, еден хеликоптер, 11 члена екипа за поддршка, 1 цистерни за вода и еден авион за гаснење ератор.

Хрватска, во работите за ставање под контрола и гаснење на пожарите дава поддршка со еден авион за гаснење ератор, Иран со еден авион и два хеликоптери, Шпанија со 27 члена екипа и два авиони ератори.

Од Катар пристигна 66 члена екипа и техничка опрема, од Турската Република Северен Кипар (ТРСК) екипа за поддршка од две лица, возила за помош и делегација на Црвената полумесечина „Кизилај“ на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Русија испрати 5 авиони за гаснење ератори, три хеликоптери, две цистерни за вода, а од Украина се испратени три авиони за гаснење ератори, една цистерна за вода и четири хеликоптери со способност за летање и ноќе. 

 



Слични вести