Од Шентоп до неговиот ирански колега Галибаф: Миграцискиот проблем во Авганистан влијае најмногу на Турција и Иран

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп кој престојува во посета на Техеран се состана со својот ирански колега Мохамад Багер Галибаф

1686471
Од Шентоп до неговиот ирански колега Галибаф: Миграцискиот проблем во Авганистан влијае најмногу на Турција и Иран

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп кој отпатува за Техеран кадешто учествуваше на церемонијата на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Иран Ибрахим Реиси, овде остварува и низа средби и разговори.

Во тие рамки, претседателот на Собранието Шентоп се состана со својот ирански колега, претседателот на Парламентот Мохамад Багер Галибаф.

Мустафа Шентоп истакна дека проблемот со миграцијата во Авганистан најмногу влијае на Турција и на Иран, а воедно го рече следното: „Односите помеѓу двете земји имаат регионална и глобална важност. Затоа нашата задача е да го зголемиме нивото на нашите односи во секоја сфера.“  

Шентоп на средбата со својот ирански колега Галибаф се осврна и на случувањата во Авганистан во врска со што го рече следното: „Политичката нестабилност и миграцискиот проблем во Авганистан, се заеднички проблем на исламските земји. Миграцискиот проблем во Авганистан најмногу влијае на Иран и Турција. Треба да ја зголемиме нашата соработка за воспоставување на стабилноста и стопирањето на миграцискиот бран во Авганистан.“

Нагласувајќи го и значењето на меѓупарламентарните односи, Мустафа Шентоп рече: „заедно сме и на меѓународните парламентарни платформи. Терористичката организација ПКК претставува регионална закана. Од тој аспект треба уште повеќе да ја зголемиме нашата соработка против терористичките организации.“

Претседателот на иранскиот Парламент Мохамад Багер Галибаф исто така укажа на значењето на односите помеѓу двете земји и го рече следното: „Отсега треба да ја водиме уште понапред нашата меѓупарламентарна соработка. Треба да ги зголемиме нашите економски и политички односи на секое поле.“

Калибаф воедно го изрази и своето сочувство за загинатите во шумските пожари во Турција.

 



Слични вести