Ердоган и Алиев разговараа телефонски за работите за гаснење на пожарите во Турција

Азербејџанскиот претседател Алиев го побара по телефон претседателот Ердоган на кого уште еднаш му го изрази своето сочувство за загинатите во шумските пожари и истакна дека стојат покрај Турција во гаснењето на пожарите и спречувањето на последиците

1686891
Ердоган и Алиев разговараа телефонски за работите за гаснење на пожарите во Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Според објавеното соопштение од кабинетот на претседателот на Азербејџан, претседателот Алиев го побара по телефон претседателот Ердоган на кого уште еднаш му го изрази своето сочувство за загинатите во шумските пожари коишто зафатија различни области на Турција и истакна дека стојат покрај Турција во гаснењето на пожарите и спречувањето на последиците.

Алиев истакна дека како додаток на претходно испратените тргнаа на пат за Турција уште 40 противпожарни возила коишто утре ќе пристигнат во областите зафатени од пожари и на тој начин бројот на испратените возила од Азербејџан за борба против шумските пожари во Турција ќе достигне до 93. 

Потсетувајќи дека во работите за борба против шумските пожари во Турција учествуваат персонал составен од 510 Азербејџанци, 1 хеликиптер и еден амфибиски авион, Алиев предложи да испрати уште една група составена од 200 специјално обучени пожарникари и истакна дека на тој начин бројот на персоналот ќе достигне до 710 лица. 

Претседателот Ердоган му се заблагодари на Алиев за изразеното сочувство и поддршката на Турција.

Ердоган истакна дека азербејџанските пожарникари во работите за гаснење на пожарите во Турција учествуваат со висока професионалност и со љубов и самопожртвуваност.

Заблагодарувајќи се и за дополнителната поддршка што ќе биде испратена од Азербејџан, претседателот Ердоган рече дека оваа поддршка претставува отворена манифестација на братството и пријателството помеѓу Азербејџан и Турција.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во телефонскиот разговор го информираше претседателот Ердоган и во врска со провокациите коишто ги реализира ерменската армија на границата и истакна дека азербејџанската армија го дава потребниот одговор на овие видови провокации.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пак, нагласи дека Турција секогаш е покрај нејзиниот брат Азербејџан.

Во телефонскиот разговор беа разменети мислења и во врска со процесот по војната во Карабах (септември-ноември 2020).

 



Слични вести