Францускиот весник „Ле Монд“ објави вест анализа за влијанието на Турција во Африка

Во веста анализа се истанува следното: „Мнозинството (од африканските земји) ја пречекаа Турција како силен меѓународен актер со која имаат повеќе заеднички точки од Европа,Русија или Кина“

1686932
Францускиот весник „Ле Монд“ објави вест анализа за влијанието на Турција во Африка

Францускиот весник „Ле Монд“ напиша за влијанието на Турција во Африка и особено за односите коишто ги развива со областа Сахел.

Во веста анализа подготвена од страна на меѓународната граѓанска огранизација „International Crisis Group“ и објавена во францускиот весник „Ле Монд“ се анализираат односите на Турција со петте земји јужно од Сахара, и тоа Буркина Фасо, Мали, Мавританија, Нигер и Чад.

Во анализата се истанува следното: „Мнозинството (од африканските земји) ја пречекаа Турција како силен меѓународен актер со која имаат повеќе заеднички точки од Европа,Русија или Кина.“

Се нагласува дека во тој контекст со билатералниот договор за одбрана што беше потпишан со Нигер во месец јули минатата година е надминат првиот праг во воената сфера.

Се потцртува дека трговскиот обем во економските односи со Мали во периодот 2003-2019 година порасна десет кратно. 

Се истакнува дека влијанието на Анкара засега се интензивира на здравствените услуги, пристапот до чиста вода и сферата на образованието во регионот, а освен тоа се инвестира и во инфраструктурата за изградба на магистрални патишта, аеродроми и болници.

Во веста анализа на објавена во францускиот весник „Ле Монд“ се споделуваат и информации дека Турција која во 2011 година и достави хуманитарна помош на Сомалија која се наоѓаше во канџите на гладот, во главниот град Могадишу го изгради и најголемиот прекуморски камп за воена обука. 

 



Слични вести