Чавушоглу разговараше со неговиот азербејџански колега Бајрамов за најновата состојба во пожарите

Според информации од Министерството за надворешни работи, двајцата шефови на дипломатии Мевлут Чавушоглу и Џејхун Бајрамов разговараа за пожарите коишто продолжуваат во Турција

1686394
Чавушоглу разговараше со неговиот азербејџански колега Бајрамов за најновата состојба во пожарите

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со неговиот азербејџански колега Џејхун Бајрамов.

Според информации од Министерството, Чавушоглу и Бајрамов разговараа за пожарите коишто продолжуваат во Турција.

Азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер во врска со телефонскиот разговор  истакна дека Азербејџан секогаш е покрај Турција и дека е спремен да и ја даде секој вид помош на Турција во овој тежок период.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу исто така во споделената објава на својот профил на Твитер како одговор на неговиот азербејџански колега Бајрамов, му се заблагодари на Азербејџан и рече дека Азербејџан и Турција секогаш се рамо до рамо.



Слични вести