Ердоган: Ќе ги видиме деновите кога и нашите изгорени шуми повторно ќе се родат од својата пепел

Претседателот Ердоган во врска со шумските пожари коишто зафатија различни области на Турција од кои еден дел се ставени под контрола го рече следното: „Сите заедно ќе ги видиме деновите кога и нашите изгорени шуми повторно ќе се родат од својата пепел“

1685759
Ердоган: Ќе ги видиме деновите кога и нашите изгорени шуми повторно ќе се родат од својата пепел
Cumhurbaşkanı Erdoğan Özel Canlı Yayın Gündem.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа беше гостин во програмата во живо на еден телевизиски канал кадешто направи проценка на актуелниот дневен ред.

Во врска со шумските пожари коишто зафатија различни области на Турција, Ердоган рече: „Сите заедно ќе ги видиме деновите кога и нашите изгорени шуми повторно ќе се родат од својата пепел.“

Велејќи дека додека на теренот продолжуваат работите за гаснење на шумските пожари од друга страна надлежните единици ги продолжуваат своите активности за утврдување на штетите, претседателот Ердоган го истакна следното: „Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола ќе ги зазелениме сите тие изгорени места. /.../ Онака како што се засадени 5,5 милијарди дрвја, нашите граѓани нека бидат спокојни, сите заедно ќе ги видиме деновите кога и нашите изгорени шуми повторно ќе се родат од својата пепел.“

Ердоган истакна дека за 8 дена избувнаа 187 пожари од кои поголемиот дел се ставени под контрола, а продолжуваат да се водат интензивни активности за ставање под контрола на уште 15 пожари коишто се уште траат.

Тој исто така информира дека во работите за гаснење на пожарите учествуваа 16 авиони и дека со новите 4 дојдени авиони оваа бројка е зголемена на 20 и дека во работите се вклучени и 51 хеликоптер, 9 беспилотни летала, 850 возила за гаснење и голем број градежни машини.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се осврна и на прашањето во врска со Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Мараш, во врска со што пак го рече следното: „Некаде наесен размислуваме да организираме меѓународен состанок. Со овој состанок мислиме уште повеќе да го зголемиме перформансот по ова прашање.“

 



Слични вести