Средба помеѓу Ибрахим Калин и Александер Лаврентиев во Анкара

На оставарената меѓуделегациска средба под претседателство на Ибрахим Калин и Александер Лаврентиев во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, беа разгледани актуелните случувања и политичкиот процес во Сирија

1685118
Средба помеѓу Ибрахим Калин и Александер Лаврентиев во Анкара

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин се состана со специјалниот претставник на Руската Федерација за Сирија Александер Лаврентиев кој престојува во посета на Анкара.

На оставарената меѓуделегациска средба под претседателство на Калин и Лаврентиев во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, беа разгледани актуелните случувања и политичкиот процес во Сирија.

На средбата стана збор за значењето од зачувување на прекинот на огнот во Идлиб и беше постигната согласност по прашањето на тоа дека не треба да се дозволат провокативните напади коишто ќе и наштетат на средината на стабилноста којашто се воспоставува со договорот за прекин на огнот.

Беше укажано дека постои потреба да се обезбеди поефикасно профункционирање на политичкиот процес за воспоставување на мирот и стабилноста во Сирија и да бидат забрзани работите со Уставниот комитет, а воедно беше нагласено дека треба да се зачува територијалниот интегритет на Сирија и да се води одлучна борба против ПЈД/ЈПГ/ПКК и сите други терористички организации вклучувајќи ја и ДЕАШ.

На оставарената средба беше потцртано значењето за преземање на заеднички чекори со коишто ќе се олесни хуманитарната криза во Сирија и во тие рамки беше изнесено задоволството од резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) број 2585 со којашто се обезбедува продолжување на премините за доставување хуманитарна помош во Сирија.



Слични вести