Реакција од Турција до САД по прашањето на авганистанските мигранти

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич го истакна следното: „Ние како Турција не ја прифаќаме оваа неодговорна одлука којашто е донесена од страна на САД без претходно советување со нашата земја“

1685187
Реакција од Турција до САД по прашањето на авганистанските мигранти

Турција соопшти дека не ја прифаќа „Програмата за прифаќање на мигранти за Авганистанците кои работат за САД и нивните семејства“, а којашто беше соопштена од страна на Соединетите Американски Држави (САД).

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич во врска со ова прашање го истакна следното: „Ние како Турција не ја прифаќаме оваа неодговорна одлука којашто е донесена од страна на САД без претходно советување со нашата земја.“

Билгич во писмениот одговор што го даде на едно поставено прашање во врска со оваа тема, потсети дека во Програмата на САД за прифаќање на Авганистанците кои работат за граѓанските организации со седиште во САД и за информативните органи како и нивните семејства, се истакнува дека поднесените барања на Авганистанците за мигрирање во САД со посредство на организациите кон кои се приврзани ќе бидат земени од страна на трети земји и дека за поднесување на овие барања се укажува и на Турција.

Танжу Билгич ја изнесе следната констатација: „Првенствено соопштението на САД ќе стане причина за голема миграциска криза во нашиот регион и ќе ги зголеми болките на Авганистанците на миграциските патишта. Неприфатливо е тоа што наместо да се бара решение на проблемот меѓу регионалните земји, се посакува да се изнајде решение во нашата земја без согласност на нашата земја.“

Потсетувајќи дека Турција во последните 7 години е земја која е домаќин на најголем број бегалци во светот, Билгич напомена дека не постои капацитет којшто може да се преземе за една евентуална нова миграциска криза во име на трета земја.

„Ние како Турција не ја прифаќаме неодговорната одлука што ја донесоа САД без советување со нашата земја. Доколку САД сакаат да ги земат овие луѓе во својата земја можат да ги однесат директно со авиони. Нашата земја но никој случај нема да ги преземе меѓународните одговорности на трети земји и нема да дозволи нашите закони да се злоупотребуваат од страна на трети земји за нивните сопствени цели. Никој да не очекува товарот на миграциската криза којашто се доживува во нашата земја како резултат на донесените одлуки на трети земји, да биде преземен и сносен од страна на турскиот народ.“ - подвлече портпаролот на  Министерството за надворешни работи Танжу Билгич.

 



Слични вести