Претседателот Ердоган му се заблагодари на бугарскиот претседател Радев за солидарноста и поддршката

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му се заблагодари на бугарскиот претседател Румен Радев за изразената желба за што поскоро закрепнување од шумските пожари, како и за солидарноста и поддршката што ја покажа во борбата против пожарите во Турција

1685114
Претседателот Ердоган му се заблагодари на бугарскиот претседател Радев за солидарноста и поддршката

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со бугарскиот претседател Румен Радев.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации на претседателството, во телефонскиот разговор помеѓу двајцата претседатели, Ердоган и Радев, беа разгледани соработката во борбата против пожарите коишто продолжуваат во различни области на Турција и прашања посветени на развојот на односите помеѓу двете земји.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му се заблагодари на бугарскиот претседател Румен Радев за изразената желба за што поскоро закрепнување од шумските пожари, како и за солидарноста и поддршката што ја покажа во борбата против пожарите во Турција. 


 



Слични вести