Фахреттин Алтун изјави за „Блумберг“: Турција не е и нема да биде ничија чекална

Фахреттин Алтун, на соопштението на САД дека некои Авганистанци можат да поднесат барање за имиграција во САД преку трети земји, вклучувајќи ја и Турција, покажа реакција со зборовите: „Турција не е и нема да биде ничија чекална“

1685550
Фахреттин Алтун изјави за „Блумберг“: Турција не е и нема да биде ничија чекална

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун даде изјава за информативниот орган „Блумберг“ (Bloomberg) со седиште во САД.

Алтун, на соопштението на Соединетите Американски Држави (САД) дека некои Авганистанци можат да поднесат барање за имиграција во САД преку трети земји, вклучувајќи ја и Турција, покажа реакција со зборовите: „Турција не е и нема да биде ничија чекална. Со длабоко жалење го дочекуваме повикот на Државниот секретаријат на САД некои авганистански граѓани кои работат во проекти и организации финансирани од страна на САД да заминат за трети земји и таму да поднесат барање за засолнување во САД.“

Велејќи дека кога ќе се размислат условите во регионот и тоа дека Турција со години е домаќин на повеќе од 4 милиони бегалци, никако не може да се прифати одреден ваков повик којшто ќе ја поттикне нерегуларната миграција, шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун рече: „Ќе продолжиме да работиме со сета сила со која што располагаме за одбрана на нашата гранична безбедност.“



Слични вести