Членовите на Врховниот воен совет на чело со претседателот Ердоган го посетија мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“

Претседателот Ердоган истакна дека Турските вооружени сили (ТВС) со реализирање на успешни операции внатре во земјата и надвор преку границата му влеваат доверба на народот

1685488
Членовите на Врховниот воен совет на чело со претседателот Ердоган го посетија мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“
erdogan yas toplantisi.jpg
erdogan yas uyeleri anitkabir'de.jpg

Членовите на Врховниот воен совет (ЈАШ) на чело со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го посетија мавзолејот на Ататурк „Аниткабир“ во Анкара.

Претседателот Ердоган и членовите на Врховниот воен совет (ЈАШ) пред состанокот што ќе се одржи во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, беа во посета на мавзолејот на основоположникот на Република Турција Ататурк.

Делегацијата на Врховниот воен совет (ЈАШ) предводена од претседателот Ердоган положи венец на гробот на Ататурк кадешто се сликасше и потоа премина во Кулата Мисак-и Милли (Кулата на националните сили).

Овде претседателот Ердоган се потпиша во спомен книгата на мавзолејот „Аниткабир“.

Претседателот Ердоган истакна дека Турските вооружени сили (ТВС) со реализирање на успешни операции внатре во земјата и надвор преку границата му влеваат доверба на народот и го напиша следното: „Честит Ататурк, по повод годишниот состанок за 2021 година како членови на Врховниот воен совет повторно сме пред вас. Ја продолжуваме нашата борба за да ја искачиме Република Турција на нивото над современите цивилизации на коишто посочивте вие. И покрај епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) која го потресува длабоко целиот свет Турција фрла потписи на значајни успеси во бројни сфери од економијата до одбраната и од производството до здравството. Во овој процес Турските вооружени сили (ТВС) со реализирање на успешни операции внатре во земјата и надвор преку границата, му влеваат доверба на нашиот народ. Вечна ти слава.“  

Состанокот на Врховниот воен совет (ЈАШ) за оваа година започна во 12:20 часот по турско време во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара, под претседателство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести