Пристигна воздушна поддршка од 6 земји за пожарите во Турција

Министерството за земјоделство и шумарство на Турција, не упати никакви меѓународни повици за помош

1684926
Пристигна воздушна поддршка од 6 земји за пожарите во Турција

 

Пристигна воздушна поддршка од 6 земји за борбата против шумските пожари што ги зафатија јужните делови на Турција од 28 јули.

Заменик генералниот директор за шумарство Мустафа Озкаја рече дека покрај 45 хеликоптери и 3 авиони во сопственост на Турција, добиле поддршка и од странски земји и дека се уште имаат авиони за помош коишто ги очекуваат.

Наведувајќи дека 18-те странски авиони во моментов во земјата се состојат од 12 авиони и 6 хеликоптери, Озкаја рече дека 10 од авионите и сите хеликоптери се бесплатни.

Објаснувајќи дека Министерството за земјоделство и шумарство на Турција, не упати никакви меѓународни повици за помош преку Министерството за надворешни работи или Управа за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД), Озкаја рече:

„Иран пружи поддршка со 1 авион и 2 хеликоптери. Азербејџан, до пожарната област пристигна со 1 хеликоптер и копнена екипа од 53 возила. Украина обезбеди поддршка со 3 авиони. 5 авиони и 3 хеликоптери дојдоа од Русија“.

Осврнувајќи се на „Механизмот за цивилна заштита“ во Европската унија (ЕУ), Озкаја објасни дека ова е механизам создаден од земјите -членки на ЕУ со плаќање давачки. Нагласувајќи дека АФАД, исто така е член на овој механизам, Озкаја рече:

„Земјите што имаат потреба се поддржуваат од механизмот. Ова не е помош. Ние го користиме сопственото право кога е соодветно. Ние не го нарекуваме помош. Тоа се нарекува поддршка затоа што го бараме она што е наше право“.

Велејќи дека добиле понуди за 5 авиони од Хрватска, Шпанија, Франција и Романија, Озкаја рече дека авионите на Романија и Франција не дошле затоа што не биле соодветни, а прифатени се 3 амфибиски авиони, 1 од Хрватска и 2 од Шпанија.

Озкаја додаде дека воздушната моќ на Турција е добра, но не можат да ги скршат земјите што сакаат да дадат таква поддршка.

„Исто така, не е дипломатски да се одбијат нивните барања за пружање помош“, рече Озкаја.



Слични вести