Портпаролот Калин разговараше телефонски со советникот за Национална безбедност на САД Саливан

Во телефонскиот разговор помеѓу Калин и Саливан беше разгледан текот на билатералните односи помеѓу Турција и САД и беше направена проценка на прашања посветени на Авганистан, Тунис, Кипар и други регионални случувања

1685061
Портпаролот Калин разговараше телефонски со советникот за Национална безбедност на САД Саливан

Портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахим Калин разговараше телефонски со советникот за Национална безбедност на Соединетите Американски Држави (САД) Џејк Саливан.

Според објавеното соопштение од портпаролството на претседателскиот кабинет, во телефонскиот разговор помеѓу Калин и Саливан беше разгледан текот на билатералните односи помеѓу Турција и САД и беше направена проценка на прашања посдветени на Авганистан, Тунис, Кипар и други регионални случувања.

Во разговорот беа разменети мислења по прашањето на фокусирање на позитивната агенда во односите помеѓу Турција и САД и чекорите коишто треба да бидат фрлени за унапредување на взаемната соработка.

Беше нагласено дека шумските пожари особено деновиве се дојдени во состојба на глобален проблем со којшто се соочуваат голем број земји, беше потенцирано значењето на солидарноста и соработката во борбата против овие елементарни непогоди и беше нагласено дека меѓународната соработката е од суштинско значење за да не дојде до хуманитарна криза во Авганистан, како и за воспоставување на стабилноста и средината на мир во оваа земја.

Во разговорот беше постигната согласност по прашањето на тоа дека треба да се поттикнува повторното воспоставување на демократскиот и уставниот поредок во Тунис.

Освен тоа, во телефонскиот разговор беше истакнато дека треба добро да се разбере реалноста на Кипар од страна на меѓународната заедница и да се поддржува решението со две држави што претставува праведен приод.

Исто така беше појаснето дека Турција ќе продолжи да е во соработка со меѓународната заедница во име на давање на нејзиниот придонес на регионалниот мир и стабилноста.

 



Слични вести