Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија се неутрализирани двајца терористи

Министерството за национална одбрана (МНО) соопшти дека во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ

1684132
Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија се неутрализирани двајца терористи

Во подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија, инаку подрачје кое од страна на Турските вооружени сили (ТВС) е исчистено од тероризмот се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана (МНО) се истакнува следното: „Со реализирана успешна операција од страна на нашите јуначки командоси се неутрализирани двајца терористи на ПКК/ЈПГза кои е установено дека се подготвувале за напад врз подрачјето на операцијата Еуфратски штит. Нападите на терористите врз подрачјето не останаа, нема да останат без одговор.“

Во меѓувреме, е соопштено дека во реализираните операции против сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ, внатре во границите на земјата и надвор преку границата во месец јули, се неутрализирани 137 терористи.

Бројот на припадниците на терористичката организација пак, кои им се предадоа на безбедносните сили по пат на убедување во текот на оваа година заклучно со 28 јули се зголеми на 114.



Слични вести