Ердоган оствари телефонски разговори со Гарибашвили и Абиј Ахмед

Турција на Грузија гледа како клуч за регионалната соработка

1683841
Ердоган оствари телефонски разговори со Гарибашвили и Абиј Ахмед

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари одделни телефонски разговараи со грузискиот премиер Иракли Гарибашвили и премиерот на Етиопија Абиј Ахмед.

Според соопштението објавено од дирекцијата за комуникации при Претседателството, Ердоган на средбата со Гарибашвили разговараше за односите меѓу Турција и Грузија и регионалните прашања.

Претседателот Ердоган му се заблагодари на грузискиот премиер Гарибашвили, кој ги пренесе своите желби за побрз помин на Турција во врска со шумските пожари и ја изрази поддршката на неговата земја во борбата против пожарот.

Изјавувајќи дека стратешкото партнерство меѓу Турција и Грузија особено во вакви денови станува позначајно, Ердоган рече дека Турција на Грузија смета како на клуч за регионалната соработка.

Нагласувајќи дека заедничкото дејствување особено во однос на ефикасноста и безбедноста на регионалните транспортни и енергетски далноводи е од суштинско значење, претседателот Ердоган изрази желба за повторно заживување на трипартитниот механизам Турција-Грузија-Азербејџан, кој успешно го спроведуваат министрите и замениците и на ниво на лидери.

Претседателот Ердоган, исто така, одржа телефонски разговор со етиопскиот премиер Ахмед.

На средбата беа разменети мсилења за односите меѓу Турција и Етиопија и регионалните тепрашања.

Наведувајќи дека Турција придава големо значење на мирот и стабилноста на Етиопија, Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да пружа секаква поддршка на Етиопија.



Слични вести