Чавушоглу оствари телефонски разговор со шпанскиот колега Албарес

Европската комисија соопшти дека ќе бидат испратени 3 противпожарни авиони за поддршка на борбата против пожарите во Турција

1684073
Чавушоглу оствари телефонски разговор со шпанскиот колега Албарес

 

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со шпанскиот министер за надворешни работи, односи и соработка со Европската унија (ЕУ) Хозе Мануел Албарес.

Чавушоглу на разговорот и се заблагодари на Шпанија за помошта што и ја пружи на Турција во рамките на Механизмот за цивилна заштита на Европската унија.

Чавушоглу, исто така, преку објава на Твитер, за пријателството, солидарноста и поддршката што ја покажуваат нивните земји, им се заблагодари на Алварес и хрватскиот министер за надворешни и европски прашања Гордан Грлиќ Радман, која земја ќе испрати противпожарен авион.

Европската комисија соопшти дека ќе бидат испратени 3 противпожарни авиони за поддршка на борбата против пожарите во Турција.

Во соопштението на Комисијата беше наведено дека Турција го активираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, а Европската комисија како итен одговор презеде иницијатива за испраќање 1 авион Канадир од Хрватска и 2 авиони Канадир од Шпанија.



Слични вести