Во воздушна операција во северниот дел на Ирак се неутрализирани 7 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во северниот дел на Ирак се неутрализирани 7 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1683597
Во воздушна операција во северниот дел на Ирак се неутрализирани 7 терористи

Во северниот дел на Ирак се неутрализирани 7 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение на профилот на Министерството за национална одбрана преку социјалните медиуми се истакнува дека продолжуваат операциите „Шепа“ („Pençe“) против терористите преку границата.

Во соопштението на Министерството се вели следното: „Нашите Турски вооружени сили (ТВС) продолжуваат со јуначката и самопожртвуваната борба во северниот дел на Ирак. Неутрализирани се 7 терористи на ПКК кои се утврдени на различни места во областите на операциите 'Шепа'. Нашите операции ќе продолжат се додека не биде неутрализиран и последниот терорист.“



Слични вести