Турција и врачи протестна нота на Грција поради убиството на еден турски граѓанин кај Едирне

Вршителот на должноста амбасадор на Турција во Анкара во врска со застрелувањето на еден турски граѓанин со отворениот оган од грчката страна на границата беше повикан во Министерството за надворешни работи и му беше врачена протестна нота

1683599
Турција и врачи протестна нота на Грција поради убиството на еден турски граѓанин кај Едирне

Турција и врачи протестна нота на Грција поради смртта на еден турски граѓанин во градот Едирне во отворен оган од грчката страна на границата.

Вчера приквечер околу 19:29 часот по турско време во близина на Едирне беше отворен оган од грчката страна на границата од страна на лице или лица облечени во цивилна облека при што животот го загуби еден турски граѓанин.

Според добиени информации од извори на Министерството за надворешни работи, вршителот на должноста амбасадор на Грција во Анкара во врска со инцидентот беше повикан во Министерството и притоа му беше врачена протестна нота.

Како што се истакнува, од вршителот на должноста амбасадор на Грција е побарано да се поведе истражување во врска со инцидентот за којшто му е врачена протестна нота и да бидат дадени информации во врска со резултатот од истражувањето, да бидат фатени и казнети убиецот или убијците и да бидат преземени неопходните мерки да се спречи да дојде до повторување на слични настани. 

Министерството за надворешни работи воедно истакна дека се задржува правото на оштетените и нивните семејства за барање обештетување.

 



Слични вести